Дебитните картички се издаваат за фиксен период на време и истите се поврзани со Вашата трансакциска сметка. Овие картички може да се употребуваат за плаќања на ПОС терминали во продажни објкети во земјата и странство за повлекување и уплата на пари на банкомат, како и за онлајн плаќање преку безбедни веб страни.
Вие, како сопственик на картичката, сте одговорни за безбедно чување на картичката и заштита на истата од можна злоупотреба од страна на трети лица.